| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

20.07.2017


Шкендија и Работнички попладнево одат по пласман во 3. коло во ЛЕ

*Тетовци со Хелсинки ќе бранат +2 разлика од првиот меч, додека „романтичарите“ мора да победат во Минск или да играат реми со повеќе голови. Треневски го објави стартниот состав, има многу изненадувања во него


Попладнево Шкендија и Работнички, во Финска и Белорусија, го играат взовратните мечеви од 2.квалификациска рунда во Лигата на Европа. Тетовци својот меч кај Хелсинки ќе го започнат со предност од 3:1, заработена од првиот дуел, додека Работнички ако сака пласман во следната рунда мора да го победи Динамо Минск или пак да одигра реми со многу голови. И
Инаку стартниот состав на „Романтичарите“ е Шишковски, во дефанзивата тука се Рашо, Биљали, Митрев и Херера, во средниот ред ќе „оперираат“ Дурнски, Најдовски и Трајчевски и во нападот тројката Маркоски, Најденов и Велинов.
Мечот во Хелсинки започнува во 18 часот а во Минск во 17 часот.

 



Датум: 20.07.2017, 16:28
Статијата е прочитана 566 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
20.10.2017
20.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense