| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

12.08.2017

Петта по ред црвено-црна битка

Во 26. сезона по ред нема ништо ново, одново Вардар и Шкендија ќе ја бијат битката за титулата. Се чини само поинтересна ќе биде борбата за оние места што водат во ЛЕ

Денеска, со натпреварите Шкендија - Вардар и Работнички - Ренова, останатите три се играат в недела, стартува новата 26. сезона во нашата елитна лига. Сезоната стартува во сенка на сето она што се случуваше во Суперкупот и гостувањата на Милан и на Фенербахче во плејофот во Лигата на Европа.

ВАРДАР, ШКЕНДИЈА...
И одново битката за титулата ќе биде црвено-црна. Вардар и Шкендија се апсолутни фаворити за првото место, но сега работата е нешто поинаква. Имено, спонзорот на Вардар најави повлекување во мај, па затоа на првакот ќе му биде многу потешко. Двете екипи имаат добри тимови, двете екипи се пласираа во плејофот во Лигата на Европа. Секако, и Вардар и Шкендија имаат одлични тренери во Седлоски и во Османи. Ова ќе биде нивна петта битка, четири доби Вардар, а еднаш Работнички им ги расипа сметките на фаворитите.

КАКО ДО ИЗЛЕЗ ВО ЕВРОПА?
Во минатите неколку сезони, Работнички беше неприкосновен за таа трета позиција. И по квалитетот на составот и по раководството, кое си ја знае работата и е единствено во Македонија кое заработува од фудбалот. Но сега некои работи се сменија. Пелистер и лани му дишеше во врат на Работнички, а оваа година тоа ќе го прават и Ренова со Влатко Костов, Силекс, па и Победа, која ќе има далеку поквалитетна екипа од ланската. Значи, ќе биде многу поинтересно во секој случај.

(НЕ)ИЗВЕСНА БИТКА ЗА ОПСТАНОК
Остануваат Академија Пандев, Шкупи и Скопје како екипи кои се кадидати за избегнување на опстанокот.
Струмичани би можеле да направат изненадување, чаирчани, исто така, и тоа само поради својата феноменална публика. Додека тимот на Скопје, кој се врати во елитата по 6-7 години, е прв кандидат за испаѓање. Но не смее никој да им ја одземе надежта на борбените „пирати“.

ДОСЕГАШНИ ПРВАЦИ
1992-1993: ВАРДАР
1993-1994: ВАРДАР
1994-1995: ВАРДАР
1995-1996: СИЛЕКС
1996-1997: СИЛЕКС
1997-1998: СИЛЕКС
1998-1999: СЛОГА Ј
1999-2000: СЛОГА Ј
2000-2001: СЛОГА Ј
2001-2002: ВАРДАР
2002-2003: ВАРДАР
2003-2004: ПОБЕДА
2004-2005: РАБОТНИЧКИ
2005-2006: РАБОТНИЧКИ
2006-2007: ПОБЕДА
2007-2008: РАБОТНИЧКИ
2008-2009: МАКЕДОНИЈА ЃП
2009-2010: РЕНОВА
2010-2011:  ШКЕНДИЈА
2011-2012:  ВАРДАР
2012-2013: ВАРДАР
2013-2014: РАБОТНИЧКИ
2014-2015: ВАРДАР
2015-2016: ВАРДАР
2016-2017: ВАРДАР
2017-2018: ???


ЛЕТЕН ПРЕОДЕН РОК - 15.6.2017 - 31.8.2017

ВАРДАР (Скопје)
ДОЈДОА: Висар Муслиу (Ренова), Бесар Исени (Шкупи).
ЗАМИНАА: Горан Попов (?), Благоја Љамчевски (Пелистер), Влатко Грозданоски (?).


РАБОТНИЧКИ (Скопје)
ДОЈДОА: Стојанче Велинов (Ренова), Енис Дервиши (Тетекс), Флоран Кадриу (Шкупи), Амир Биљали (Билис Бјалш - Албанија), Томислав Илиев (Хоризонт Т), Вардан Погосјан (Пјуник - Ерменија).
ЗАМИНАА: Горан Силјановски (Фљамуртари - Албанија), Ванче Шиков (Тобол - Казахстан), Елиф Елмас (Фенербахче - Турција), Филип Наумчевски (Шведска), Бењамин Демир (Скопје), Иван Вуковиќ (Грбаљ - Црна Гора), Филип Ивановски (Јавор - Србија).

РЕНОВА (Тетово)
ДОЈДОА: Влатко Костов (тренер -?), Лукас Маркос Меирелеш (Македонија ЃП), Љавдрим Скендери (Феризај - Косово), Матија Кобетиќ (Брегалница), Александар Темелков (Брегалница), Хадис Велии (Гостивар).
ЗАМИНАА: Ќатип Османи (тренер - Шкендија), Еглант Хаџо (?), Саљадин Мустафи (Косово), Висар Муслиу (Вардар), Арлинд Бајрами (Зајас), Мухадем Усеини (Фљамуртари - Албанија), Стојанче Велинов (Работнички).

ПОБЕДА (Прилеп)
ДОЈДОА: Борче Маневски (Балзан - Малта), Јасир Асани (Шкупи), Ервин Качар (Нови Пазар - Србија), Турал Хумбатов (Азал - Азербејџан).
ЗАМИНАА: Никола Тошески (?), Даниел Котески (?), Валентин Колески (?), Бојан Георгиевски (Мачва - Србија), Ѕвездан Ѓорѓиловиќ (Борац Бања Лука - БиХ), Даниел Талески (?), Христијан  Петрески (?), Благојче Коњарски (?), Милан Војводиќ (?), Емерсон Рамон (?).

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ (Струмица)
ДОЈДОА: Никола Вујанац (Силекс), Константин Чешмеџиев (Македонија ЃП) Милован Петриќ (Србија) Радоњчиќ, Дончев, Михаилов, Темелков (позајмица, Хоризонт Т.).
ЗАМИНАА: Драган Начевски (тренер, А.Пандев) Филип Деспотовски (Гостивар) Багашовски (?) Валентин Кочоски (?).

ШКЕНДИЈА (Тетово)
ДОЈДОА: Ќатип Османи (тренер - Ренова), Илир Авдили (Љачи -Косово), Беким Реџепи (Тетекс), Олси Теќа (Тирана - Албанија).
ЗАМИНАА: Томас Брдариќ (тренер - ?), Марко Јовановски (Пелистер), Бесир Нухи (?), Артим Положани (Фљамуртари - Албанија), Јуре Чолак (?), Шчиприм Таипи (Шкупи - позајмица), Нилдо Виктор Јуфо (Фљамуртари - Албанија), Дино Меџедовиќ (?), Шпенд Асани (Шкупи - позајмица), Демир Имери (?).

ПЕЛИСТЕР (Битола)
ДОЈДОА: Срѓан Захариевски (тренер - ?), Марко Јовановски (Шкендија), Оливер Пеев (Јоникос, Грција), Матеј Цветановски (Македонија ЃП), Благоја Љамчевски (Вардар) Азул (Бразил).
ЗАМИНАА: Наџи Шенсои (?), Боби Божиновски (?), Јасмин Мециновиќ (Мелака Јунајтед - Малезија), Горан Пашовски (пензија) Фернандо Аугусто (?), Антонио Бујчевски (Силекс).

СИЛЕКС (Кратово)
ДОЈДОА: Дејан Благоевиќ (Борча - Србија), Димитар Иванов (Металург), Благоја Иванов (Металург), Горан Трајковски (Македонија ЃП), Бобан Георгиев (Брегалница), Дарко Алексовски (Кит Го), Антонио Олиевира Жуниор (Тупинамбас - Бразил), Милош Ѓорѓевиќ (Борча - Србија), Антонио Бујчевски (Пелистер), Дејан Велевски (Вардар Неготино).
ЗАМИНАА: Никола Вујанац (А. Пандев), Немања Иванов (?), Андреј Ацевски (?), Ѓорѓи Мојсов (Тиквеш), Ѓорѓи Танушев (Борец), Александар Пановски (Борец), Игор Недељковиќ (Хонг Конг), Јован Кастратовиќ (?), Антонио Каланоски (?).

ШКУПИ (Скопје)
ДОЈДОА:Ален Јашароски (Македонија ЃП), Кристијан Стојковски (Македонија ЃП) Шпенд Асани (позајмица Шкендија), Шкиприм Таипи (позајмица Шкендија).
ЗАМИНАА: Бесир Исени (Вардар), Флорант Кадриу (Работнички), Бујамин Асани (Ада, Романија) Фатмир Ариф (Германија, регион) Филип Јаневски (?).

СКОПЈЕ (Скопје)
ДОЈДОА: Мите Митев (тренер), Виктор Димков (Вардар, позајмица), Есмин Личина (Вардар, позајмица), Тигран Кандикјан (Македонија ЃП) Бенјамин Демир (Работнички).
ЗАМИНАА: Ице Каракамишев (?) Кристијан Цветковски (?) Стефан Лазаревиќ (?).

 

 

 


 



Датум: 12.08.2017, 09:58
Статијата е прочитана 995 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense