| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

04.12.2017

Шест прволигаши на зимска пауза

За повеќе од пола клубови, заврши полусезоната. Четири тима продолжуваат да тренираат и да се подготвуваат за престојните натпревари

Учеството на Вардар во Лигата на Европа, ќе придонесе да се игра фудбал до средината на декември. Но, веќе шест прволигаши од денеска се на зимска пауза. За  Победа, Скопје, Силекс, Ренова, Пелистер и Шкендија завршија обврските за оваа година, и тие може да одат на одмор.

На Вардар ќе му биде најтешко кој што ќе има четири натпревари во следните две недели, а останатите тимови по еден. Работнички, Академија Пандев во првенството му гостуваат на Вардар, а Шкупи на домашен терен ќе го одигра реваншот од Купот со првакот на 17 декември, кога ќе се одигра последниот меч.

Така оваа ситуација е нешто ново за нашите прволигаши, кои беа наивкнати до сега да бидат завршени и веќе на зимска пауза. Но ова ќе го поремети целиот распоред, а прашање е како ќе се игра реваншот од Купот на Чаир, каде што теренот е во кататрофална ситуација уште од сега.  



Датум: 04.12.2017, 11:26
Статијата е прочитана 2567 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.01.2018
22.01.2018
22.01.2018
22.01.2018
22.01.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense