| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

23.01.2018

Георгиевски: Австралискиот фудбал за малку ќе ме уништеше

Македонскиот интернационалец за медиуми во Австралија изјави дека малку фалело да прекине да игра поради австралиските клубови каде што настапувал.

Даниел Георгиевски, македонскиот интернационалец во тимот на Њукасл Џетс, за австралиските медиуми даде доста интересно и живописно интервју во кое обзбани во јавносат детали околу неговата кариера кои се малку до сега познати. Како што е познато, тој е роден во Австралија, и таму стартуваше неговата кариера. Тимот на Маркони беше негов матичен клуб, и кога Георгиевски пристигна во Европа, односно во тимот на Динамо Загреб, а потоа и во тимот на Меџимурје проблемите се појавија.
„Во клубот по шест месеци пристигна документ во кој мојот поранешен клуб во Австралија побара 250.000 долари тренинг компензација. Секако првите луѓе на Меџимурје веднаш ме викнаа на состанок и ми порачаа дека такви пари во клубот нема и дека ќе мора да си оди. За моја голема среќа менаџерот со кој соработував ги среди работите и продолжив понатаму. Доколку тогаш нештата не се средеа не знам каде ќе бев сега“ - вели Георгиевски.
Ова не бил единствениот пат кога парите за Георгиевски биле проблем додека настапуваше во Хрватскам овојпат за тимот на Шибеник.
„Ме го платија станот каде што живеев и храбата, но кеш пари не видов со години. За цело тоа време родителите од Австралија ми праќаа пари. Никогаш не сум бил голем трошаџија, па имав доволно за едно убаво кафе во текот на денот“ - низ смеа раскажува Георгиевски па додава.
„Секако, потоа се обратив до ФИФА и УЕФА и ги добив заработените пари во Шибеник“ - истакнува популарниот Кенгур за потоа конечно да се осврне и на моментот кога заигра за македонската репрезентација.
„Австралија никогаш и не ме повика. Македонија прва се сети на мене, и во разговор со мојот татко одлучив да го прифатам повикот“ - потенцира Георгиевски.

 



Датум: 23.01.2018, 12:24
Статијата е прочитана 2191 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
19.02.2018
19.02.2018
19.02.2018
19.02.2018
19.02.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense