| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

24.09.2017

Блажевски го реши дербито, Шкендија „преживеа“

Вардар со победа во Битола, Скопје немаше сили за ново чудо, нова победа за Академија Пандев и тоа на гости кај Работнички

Пелистер е во голема криза. Вардар со победа си оди од Битола по дербито на Македонија каде „црвено-црните“ со голот на Дејан Блажевски во 30. минута стигна до важните три бода. Тиомот на Чедомир Јаневски не блескаше на „Тумбе Кафе“ но и покрај сите околности стигна до посакуваната цел - бодовите. Битолчани се во лоша серија од три порази во низ и 375 минити без постигнат гол. Со ваков скоре не може да се добие дерби, не посебно кога се игра против Вардар.
Фудбалерите на Скопје се обидоа да направат ново чудо. Ако минатата недела го сопреа Вардар, сега „пиратите“ беа блиску до ново чудо но не издржаа. Скопје имаше 1:0 со голот на Мишевски во 20. минута. Сепак гостите преку велемајсторијата на Бесарт Ибраими израмнија на 1:1 пред крајот на првиот дел а Ферхан Хасани во 80. минита погоди за 1:2
Работнички добро отвори против Академија Пандев. Уште по 8. минути игра домашните водеа со 1:0 а стрелец на голот беше Чарлс Чинеду. Но тоа како да ги разбуди гостите. Атанасов од пенал израмнува на 1:1 во 27. минута а во вториот дел убав гол за голема победа и второ место на табелата постигнува Мишов во 76. минута.

Силекс ја прекина лошата серија од три порази во низ. Во Кратово падна Победа а стрелец на единстевниот гол беше Филиповски во 52. минута.

РЕЗУЛТАТИ 7. КОЛО
Пелистер - Вардар 0:1
Скопје - Шкендија 1:2
Работнички - А. Пандев 1:2
Силекс - Победа 1:0
Ренова - Шкупи 0:0
ТАБЕЛА:
1. Шкендија 19 бодови
2. А. Пандев 14
3. Вардар 13



Датум: 24.09.2017, 17:20
Статијата е прочитана 1501 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense