| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

16.06.2017

Дебрецен го сака Милован Петровиќ

Фудбалерот на Осиек, Милован Петровиќ, е интересен за унгарскиот прволигаш Дебрецен

Според информациите до кои дојде „Македонски спорт“, Дебрецен е подготвен да испрати понуда до хрватскиот тим за услугите на нашиот играч и да го привлече во својот тим, со што би се зголемила колонијата во Унгарија, зашто таму во моментов играат Енис Барди (Ујпешт), Виктор Ангелов (Ујпешт), Кире Ристевски (Вашаш) и Александар Дамчевски (Мезоковешд).
Петровиќ од оваа сезона е дел од Осиек, а во минатото настапуваше за Тиквеш, Победа и за Работнички.
Беше дел и од селекцијата на Македонија, одигра девет натпревари.
Доколку се случи трансферот, тој ќе биде само еден од неколкутемина Македонци кои играле во оваа екипа. Дел од Дебрецен беа Ѓорѓи Христов, Ацо Стојков, Мирсад Мијадиноски...

 



Датум: 16.06.2017, 18:16
Статијата е прочитана 2587 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense