| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

16.03.2017

Македонија дел од „Фудбал за пријателство“

Нашата земја ќе биде дел од големиот проект за деца „Фудбал за пријателство 2017“ каде што учество ќе земат дури 64 земји

Голема чест за најмладите фудбалски асови од Македонија ќе претставува шансата да настапат на „Фудбал за пријателство 2017“ кој ќе се одржи во Санкт Петербург во Русија. Нашата држава е меѓу 64. од светот кои што ќе биде дел на еден од најголемите општествено-одговорни проекти во организација на нафтената компанија „Гаспром“, а ќе послужи како своевидна најава за претстојното Светско првенство кое идната година ќе се одржи токму во Русија.

Во рамките на отворениот ждреб на програмата млади фудбалери во машка и женска категорија на возраст до 12 години, вклучувајќи ги и децата со посебни потреби, ќе бидат обединети во осум меѓународни „репрезентации на пријателството“. Овие селекции ќе учсетвуваат во меѓународното првенство за фудбал во пријателството оваа година.

Почетокот на турнирот ќе биде на 1 јули, додека отворениот ждреб ќе биде денеска во 16 часот, а на линкот подоле можете да го проследите во живо.



Датум: 16.03.2017, 10:43
Статијата е прочитана 298 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense