| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

24.01.2018

Краковија пресилна за Академија Пандев

Иако струмичани имаа водство, сепак, на крајот доживеаа пораз од 4:1. Втора негаттива на Академија Пандев на подготовките во Анталија

Полската Краковија предмалку ја совлада Академија Пандев со високи 4:1 на пријателската средба одиграна на подготовките во Анталија. Нашиот тим иако поведе со голот на Зоран Балдовалиев во 17. минуа сепак, до крајот не успеа да задржи поволен резултат и прими четири гола. Уште на полувреме полјаците направија комплетен пресврт пред се поради грешките на потесната одбрана на Академија Пандев, а во вториот дел Краковија продолжи да ги користи и грешките и неискуството на противникот. Ова беше втор пораз на Академија Пандев на подготовките во Анталија откако на првиот меч загуби од рускиот тим Енисеј со минимални 0:1. Веќе утре, струмичани го играат и третиот меч против тимот на Младост Лучани.

ПОГОДОКОТ НА БАЛДОВАЛИЕВ ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ОВДЕ

Датум: 24.01.2018, 15:55
Статијата е прочитана 1007 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.02.2018
22.02.2018
22.02.2018
22.02.2018
22.02.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense