| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

25.07.2017

Седлоски и Солбахен: Ништо не е готово

Двата тренери по мечот со различно расположение, но идентична поента. Дека ова е само прво полувреме од  двомечот и дека мора да се одигра и вториот меч, оној во Копенхаген.


 Солбахен, секако нервозен, пред се од резултатот, изјави дека Варадр бил подобар само за еден гол, дека има уште многу да се игра и дека реално, немаат што се вели планина за качување на вториот меч.
Седлоски пак од друга страна задоволен, но претпазлив дека голот, и победата на домашен терен не значат ништо, ако Вардар таму не заигра исто како и на вечерашниот меч, не постигне гол и не направи дополнителен напор да се постигне целта која е зацртана.
„Честитки до моите играчи честитки до публиката која беше нашиот 12 играч. Сосема заслужена победа. имавме 3/4 шанси, а противникот можеше да не казни на крај. Не треба да се залетуваме, одиме со кренати глави. Треба да одиграме уште еден добар борбен меч. Остануваат да се одработат тие 90 минути во Данска. Играат скандинавски фудбал со долги топки, но ние одигравме одлично. Остануваме цврсто на земја. Одиме таму да дадеме гол нема да се браниме“, рече по мечот стратегот на македонскиот шампион.



Датум: 25.07.2017, 22:25
Статијата е прочитана 1504 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
18.12.2017
18.12.2017
18.12.2017
18.12.2017
18.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense