| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

18.04.2017

Под лупата: Нашиот „дрим“-фудбал на „стрим“

Да не е комично, би било трагично! Тоа може да се каже за атмосферата на нашите фудбалски „теренчиња“. А од оваа сезона имаме чест преку директните преноси  да ги гледаме, но и да ги слушаме сите моментални „досетки“ на сите во и околу теренот

Нема ваков фудбал, ваква идила, ваква катастрофа од атмосфера... Ова е можно само кај нас и на ниту едно друго место. Да се игра фудбал на „Могила“ е казна за сите. Казна за фудбалот, фудбалерите и навивачите. Некој ќе рече и ќе пререче по стотипат дека ние сме запнале за тоа стадионче, дека е вака или онака. Па добро луѓе,  зарем толку сме утепани? Ај што таму играше Победа, ај што за вакви терени треба да има посебни критериуми и тежина на истите туку сега и дербито на колото и дуел со висок ризик се игра на тој терен. Па нема смисла! Ова е тотално изживување со сите кои се дел од фудбалот. Па нели правевте, градевте... ? Па нели ни дадоа милиони, а ние, ете, на Могила  фудбал ќе градиме!? Престанете со ваква аматеризација на фудбалот. Ако ова е добро, тогаш сите сме за во лудница!
Зад нас е големиот празник - Велигден. И тука не знаеме да направиме копија  на она што го прават, на пример, северните соседи. Таму играа фудбал во четвртокот, се знае што е празник, а што делник. Ние тераме по свое, а не мора да биде така. Оставете ги Англија, Шпанија, Германија... Гледајте да има народ затоа што фудбалот се игра за публика, а не за „стока“.
Модерно е да се  гледа фудбал на „стрим“. И тоа е добра работа на ФФМ. Но, тоа е причината поради која и „новинарите“ повеќе не одат на стадионите. Сега се коментира од редакција, кафеана, па и  од „кладионица“. Сега е лесно да си „експерт“ на нешто а не си видел ништо. Најбитно е што слушнале ушите, а не тоа што виделе очите - проста математика.
Фудбал на „стрим“ - уф каков „дрим“. Гледав што се случува на дербито Пелистер - Шкендија. Што да видиш, што да чуеш. Во исто време и во Кратово! Таму циркус за беспари. На Могила терен ливада. Пушта пас, а смирува топка на гради. Леле мори мајко! Па зарем ова е фудбал, дерби, висок ризик! Околината идила, што да ти зборувам. На теренот сениорски и младински репрезентативци,  Бразилци, Бугари и „заталкан Германец“. Ах, Томасе, што стори. Од настап за Германија и голови во Бундес лигата и тебе ти дојде редот да седнеш на клупата на Могила. Упс, моја грешка... не седна... постојано беше крај аут линијата и негова среќа што победи. Но, и во целата оваа нефудбалска идила Брдариќ има двојна радост. Тој и Шкендија се први кои победиле на ова антифудбалско стадионче каде не би требало да се игра фудбал ниту во Втора лига. Срамота е по стотипат до сите во ФФМ кои играат мајтап со фудбалот и играњето на вакви терени.
Додека тече сликата тече и гласот. Се меша коментатор на еден во друг „стрим“. Оној на Шкендија го слуша коментарот на ФФМ. Од трибините се јавуваат експерти кои делат совети по играчи и тренери. Но, во Могила сето тоа во границите на дозволеното.
Кратово! Ај тој пуст „стрим“. Што да се чуе. Па господа од ФФМ, сигурно и вие слушате. И вие сте членка на УЕФА и ФИФА и добро знаете што е тоа расизам. Вратете ја снимката и слушне-те со какви зборови го китеа Балотели. Какви гадотии се упатуваа кон играчите на Вардар!? Па нормално ли е ова во 2017 година!? Знаеме дека не е, но некој треба да реагира, а најтешко кога се во прашање случаите Могила и овој Кратово е тоа што таму се се гледа и слуша со ед-но око или едно уво.  Како ли само им текнува на лицата од ложата во Кратово на сите оние „досетки“. И за овој пример еден голем - СРАМ! Барем да си напишеме, не дека сето ова не-кому ќе му го смени мислењето или стратегијата.

П.С: Загина Филип Лазаревски. Голем талент и член на нашата државна селекција до 15 годи-ни. Трагедија која го покоси неговиот тим Академија Пандев. Не дека сега солиме памет, но ова треба да биде голема лекција за сите млади спортисти и деца. Внимавајте како возите. Тоа треба да биде првата лекција и од нивните тренери. Безбедноста е на прво место. Голе-ма загуба за фамилијата и фудбалот. Нека почива во мир.



Датум: 18.04.2017, 22:11
Статијата е прочитана 2465 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense