| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

22.02.2017

Суад Сахити заминува во Астана

Работнички очигледно дека зимава ќе остане без еден од од браќата Сахити.

Емир не замина за Хрватска, но постариот Суад е на излезна врата од Градски парк. Според последните информации, Сахити е пред трансфер во казахстанскиот гигант Астана каде што сеуште е член Агим Ибраими. Информациите велат дека работата е веќе готова и дека се чека Сахити веќе во следните ден два да замине во Казахстан и да го комплетира трансферот.
Околу заминувањето на Сахити од Работнички се шпекулира подолг период, дестинации имаше неколку, но очигледно дека натурализираниот македонец заминува во сериозна фудбалска средина во која ќе има шанса да го искаже својот полн фудбалски потенцијал и талент.



Датум: 22.02.2017, 13:56
Статијата е прочитана 2552 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
17.10.2017
17.10.2017
16.10.2017
16.10.2017
16.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense