| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

24.08.2017

Браво, браво, супер Вардаре....

*Е па народе еве пласман во групна фаза од Лигата на Европа. Вечерва во Истанбул нашиот шампион го победи со 2:1 Фенербахче и со тоа оствари историски пласман

Вардар ја испиша историјата на мак - фудбалот. Вардар е првиот наш тим кој оствари пласман во групната фаза од Лигата на Европа. Херојскиот Вардар вечерва во реванш мечот од плејофот во ЛЕ го победи Фенербахче со 2:1, па така со вкупни 4:1 го оствари сонот. Сонот кој го чекавме долго, долго.


Да споменеме само дека Фенер преку Нојштадтер дојде во водство во 61. минута но израмни Џигаури, малку со среќа но таа среќа Вардар ја заслужи и тоа како. До крајот Вардар имаше барем три идеални шанси и да победи, и победи а стрелец беше Глигоров за 2:1 во таа 90+2. минута.
Браво, браво Вардар. Го прескокна Босфорот, го згасна Фенерот, го покори Стамбол град.

 

 



Датум: 24.08.2017, 21:24
Статијата е прочитана 1788 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense