| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

11.10.2017

Милевски: Одговорноста за дебаклот е моја!!!

Нема оправдување за овој срамен резултат, јас ја преземам одговорноста за овој дебакл – изјави селекторот Милевски по поразот од Гибралтар на гости

На македонската репрезентација до 21. година и се случи најлошото можно нешто. Загуби од Гибралтар на гостувањето со 1:0. Нема никакво оправдување, вината е само наша. Селекторот Милевски се обрати на јавноста по очајниот резултат.
„Нема оправдување, ова е срамен резултат и ја преземам одговорноста. Искрено жалам и упатувам извинување до целата јавност и навивачите, до Федерацијата која ни ги овозможи бараните услови за работа. Со репрезентацијата ги доживеав најубавите моменти во мојата кариера, а по синоќешниот пораз и најтешките моменти. Ќе повторам дека не бараме оправдување, ниту во неиграњето на Елиф Елмаз, ниту за многуте неискористените шанси за погодок. Едноставно, со или без Елмаз, ние моравме да најдеме начин да го победиме противникот. Јас сум тој кој го одредува составот и одговорноста е моја. Модерниот фудбал не трпи емоции, едноставно сурово сме казнети и мора да го прифатиме тоа. Најважно сега за оваа репрезентација  е да бидеме сплотени, заедништвото одново да биде наша сила. Во изминатата година оваа репрезентација на неколку натпреварите покажа дека има потенцијал, искрено се надевам дека ќе продолжиме да бидеме одговорни како во дуелите против Црна Гора и Ерменија и нема да потценуваме противник, но и себе – изјави селекторот  Благоја Милевски.

 



Датум: 11.10.2017, 11:02
Статијата е прочитана 1503 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
24.11.2017
24.11.2017
24.11.2017
24.11.2017
23.11.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense