| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

11.02.2017

Шиков промовиран: Верувам дека ќе му помогнам на Работнички

Македонскиот репрезентативец Ванче Шиков во наредните шест месеци ќе го носи дресот на Работнички.

 Работнички го потврди трансферот на Ванче Шиков, кој ќе претставува огромно засилување во пролетниот дел од сезоната.
По долг период на интернационална кариера се враќа во Македонија. Вели дека ќе го стави сето свое знање и искуство во полза на Работнички.
„Постигнавме договор со Работнички и во пролетниот дел од шампионатот ќе го носам дресот на овој клуб. Мислам дека во моментов го одбрав најдоброто решение за мене. Имав неколку понуди и од Казахстан, но не сакав повторно да ми се случи непријатна епизода како во Азербејџан. За мене најважно во овој момент е да играм стандардно и токму затоа го одбрав Работнички. Верувам дека ќе помогнам клубот да ги исполни своите зацртани цели за излез во Европа“, изјави Ванче Шиков.
Задоволството е големо и кај првиот човек на Работнички, Драган Поповски.
„Ванче Шиков е долгогодишен репрезентативец на Македонија и неговите квалитети се несомнени. Драго ни е што успеавме да се договориме и тој во наредните шест месеци ќе го носи дресот на нашиот клуб“, изјави претседателот Драган Поповски.


 



Датум: 11.02.2017, 12:01
Статијата е прочитана 1682 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense