| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

29.01.2018

ФФМ удри по местачите, на ред е МВР

Изречени се први казни од страна на ФФМ за местенки, овојпат за натпревар од женската фудбалска лига

Дисциплинската комисија на ФФМ изрече казни на ЖФК Атлетико од Битола и двајцата функционери на овој клуб, Никола Петковски и Никола Гелевски. И тоа поради „манипулаторство“ на мечот меѓу ЖФК Атлетико и Борец, одигран минатата година. Тоа значи дека овој натпревар бил наместен, и затоа двајцата се суспендирани од фудбалот на две години и по 500 евра. Во образложението се вели дека и двајцата влијаеле на исходот од овој натпревар, учествувале во нерегуларност а биле пријавени од страна на претставникот на противничкиот тим.  На самиот клуб му се одземаат девет бодови а парчно е казнет со 1.500 евра.
Инаку ова е прв пат во историјата токму Федерацијата да изрекува казни за местење на мечеви. Да се потсетиме дека Победа беше казнета од страна на УЕФА, фудбалерот Стојан Велинов од својот клуб но и од редовниот суд. Да се надеваме дека за овој случај треба постапка да поднесе и МВР. Секако дека за вакви работи треба да има драконски казни а не само суспендирање на две години и симболични казни од по 500 евра.

 



Датум: 29.01.2018, 22:46
Статијата е прочитана 2573 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.02.2018
22.02.2018
22.02.2018
22.02.2018
22.02.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense