| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

06.08.2017

Американец ги засили „лавовите“!

Александар Исаевски (22) од САД е новото име во Македонија ЃП

Екипата на Македонија Ѓорче Петров ги засили своите редови е фудбалер што доаѓа од САД. Тоа е Александар Исаевски, 22-годишниот лев бек, кој доаѓа од тимот на Сагино Вали Стејт Универзитетот од Детроит. Тој има американско државјанство, но и потекло од тетовскиот регион.
 Станува збор за фудбалер, кој сака да игра пресинг врз противничките фудбалери, а одлично се снаоѓа и кога топката е во неговите нозе и кога се придодава во нападот. Тоа му овозможува да може без проблем да ја покрива целата лева страна од теренот. Таквите карактеристики на Исаевски се потврдени и со тоа што тој постојано бил меѓу најдобрите стрелци и асистенти во својата екипа. Овие негови квалитети тој веќе ги покажува за време на тренинзите со новите соиграчи, а од клубот велат дека првичните впечатоци од неговата игра се сосема позитивни.
Во редовите на тимот од Ѓорче Петров, Исаевски ќе настапува на прилично дефицитарна позиција односно ќе има задача да го заемени Дин Аломеровиќ, кој летово замина во шпанската Фуенлабрада.

 



Датум: 06.08.2017, 16:16
Статијата е прочитана 5082 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense