| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

27.07.2017

Попов продолжува на Кипар

Докса е новиот клуб на левиот бек кој што од идната недела почнува со тренинзи

Горан Попов се договори со тимот на Докса Катокопија. Станува збор за тим од Кипар кој што го ангажираше доскорашниот фудбалер на Вардар во своите редови. Трансферот го потврди и самиот играч.

„Мојот нов клуб е Докса. Од вторник почнувам со тренинзи во оваа екипа“, изјави Попов за „Македонски спорт“.

Сопственикот на Докса е голем пријател со Попов, и фудбалерот не можел да го одбие. Попов до крајот на минатата сезона беше дел од Вардар, а претходно играше за Динамо Киев, ВБА, Херенвен, АЕК Атина, Црвена Звезда, Одра...



Датум: 27.07.2017, 15:49
Статијата е прочитана 4313 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense