| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

28.02.2017

Гол вреден 100.000 евра за Несторовски!

Прилепчанецот во неделата го освои вториот бонус од договорот со Палермо. Има по 50.000 евра на секој петти гол. Следната цел е 15 голови, рекорд на наш играч во Серија А или вкупен бонус од 150.000 евра

Сè се врти околу Илија Несторовски во Палермо. Нашиот најдобар фудбалер во моментов е главната тема на Сицилија и единствена позитивна алка во тимот кој е пред испаѓање од Серија А. Во неделата Несторовски погоди од пенал, но неговиот тим ја испушти победата во 90 минута против Самдорија. Ќе се вратеше надежта за опстанок со трите бода, но вака мисијата останува невозможна, а разликата од спасот е -7 бодови.
Но, индивидуалните успеси на Илија Несторовски остануваат за посебно одбележување. Јубилејниот гол на македонскиот голгетер му донесе нови 50.000 евра на финансиското салдо. Го „фати“ Несторот вториот бонус од договорот во кој има награда од по 50.000 евра за секои пет голови. До сега прилепчанецот има заработено екстра 100.000 евра само од головите. Следниот негов „таргет“ се 15 голови со кои ќе го надмине рекордот на Горан Пандев по број на голови во една сезона и ќе стигне до нови 50.000 евра.

Секој гол по „милион“

Ако секој петти гол му носи по 50.000 евра, сепак, головите на Несторовски му носат и одлични предуслови за преговори на Палермо. Го купија за околу 400.000 евра од Интер Запрешиќ, а се шпекулира со 20.000.000 евра отштета кога Палермо ја бара за слободата на Илија. Евертон е последен кој преговара за 17.000.000 евра. Тоа значи дека секое голче на Несторовски во Серија А му ја зголемува цената за милион евра.



Датум: 28.02.2017, 11:40
Статијата е прочитана 3872 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense