| контакт | маркетинг

21.02.2017

Федерер не оди во пензија до 2020!

Роџер Федерер потпиша тригодишен договор за настап на Свис Индорс турнирот во Базел, што значи дека 35-годишниот ветеран не планира да се повлече барем уште три години

Освојувачот на рекордни 18 гренд слем титули најави дека кариерата полека му се приближува до крајот по триумфот на Австралискиот опен над Рафаел Надал во јануари. Меѓутоа, навивачите на швајцарската ѕвезда можат да бидат смирени бидејќи тој ќе настапи на барем еден турнир во следните три години.
„Едвај чекам да се вратам во мојата татковина оваа есен. Да се игра во Базел секогаш е момент кој го чекам со нетрпение“, вели Швајцарецот.



Датум: 21.02.2017, 19:58
Статијата е прочитана 394 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
25.03.2017
25.03.2017
25.03.2017
25.03.2017
25.03.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense