| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

22.08.2017

И со Лихтенштајн ќе играме во Струмица

Стадионот „Младост“ во Струмица ќе биде домаќин на уште еден квалификациски меч

Како што дознава „Македонски спорт“, уште еден квалификациски натпревар за пласман на Светското првенство 2018 година во Русија, ќе се одигра на стадионот „Младост“ во Струмица. Тоа ќе биде оној домашниот против Лихтенштајн на 9. октомври, и тоа последен во рамките на квалификациите.
Тоа воедно ќе биде втор меч на овој стадион за краток период, со оглед дека на 5. септември ќе се игра и оној против Албанија. Претходно тука се одиграа и пет меѓународни натпревари, и тоа Шкендија против Дачија, Тракаи и Хелсинки, Пелистер со Лех и Вардар против Малме.

 



Датум: 22.08.2017, 15:11
Статијата е прочитана 2226 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense