| контакт | маркетинг

10.01.2018

Зимска џип-тура „Убавините на Бистра“

Дваесетина екипажи со своите возила изминаа пат во должина од над 80 километри, по смрзнат терен, во добар дел покриен со висок снег. Турата стартува од Кичево, преку Врбјани и планината Стогово, до селата Турје и Брждани, откаде се врати на појдовната точка

Дваесетина екипажи со добро подготвени теренски возила во текот на вчерашниот ден ја спроведоа зимската џип-тура „Убавините на Бистра“. Екипажите во претпладнивните часови тргнаа од Кичево и преку Врбјани се упатија на планината Стогово, од каде преку селата Турје и Брждани се вратија во Кичево. Во текот на оваа џип турнеја учесниците со своите возила изминаа пат во должина од над 80 километри, по смрзнат терен и во добар дел покриен со висок снег.
„Во текот на вчерашниот ден имавме возбудлива  и исклучително напорна џип-тура „Убавините на Бистра“. Од Кичево се упативме кон селото Врбјани и оттутка кон планината Стогово. Иако имавме желба да се искачиме што повисико на Стогово, сепак  високиот и смрзнат снег беа непремостлива пречка да дојдеме до завршната цел. Откако во поголем дел  го совладавме Стогово, преку  селата Годивје и Брждани се вратиме на почетната станица Кичево. Во текот на оваа турнеја изминавме над 80 километри пат,  во исклучително тешки и сложени услови за движење. И покрај сите тешкотии со кои се соочивме на патеката, сепак оваа турнеја ќе ја паметиме како еден голем предизвик што успешно го совладавме. Покрај кичевчани на оваа турнеја имавме и гости од Македонски Брод“, рече Сашо Павлески, еден од организаторите на овие џип-турнеи, кои се организираат двапати  годишно и кои според учеството се меѓу најмасовните во земјава.
Текст и фото: Зоран Антоски



Датум: 10.01.2018, 11:55
Статијата е прочитана 1142 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.02.2018
22.02.2018
22.02.2018
22.02.2018
22.02.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense