| контакт | маркетинг

23.01.2018

Јотовски го суреди Јапонецот Вакита

Македонскиот тенисер кон крајот на првиот и почетокот на вториот сет, освои пет гејма по ред

Томислав Јотовски со победа тргна на третиот фјучрс турнир во туниски Хамамет. Најдобриот македонски тенисер го совлада Шунсуке Вакита со 6-2, 6-3, во меч кој траеше 80 минути. Јотовски доби девет од последните 12 гејма на натпреварот кој се играше по ветровито време.
Во второто коло, Томи ќе има многу посилен противник. Ждрепката сакаше тој да треба да игра со Шпанец, и тоа најверојатно Пол Толедо Баге, кој е трети носител на турнирот кој е со награден фонд од 15.000 долари и се игра на земјена подлога. Баге утре во првото коло игра со сонардоникот Серхи Перез Контри.



Датум: 23.01.2018, 13:48
Статијата е прочитана 619 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.02.2018
22.02.2018
22.02.2018
22.02.2018
22.02.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense