| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

14.05.2017

Капитенската лента за Попов

Горан Попов ќе биде капитен на дуелот против Работнички, откако во почетниот состав на Вардар не се најдоа Грнчаров, Блажевски и Глигоров

Вардар на дуелот против Работнички ќе настапи со доста променет состав. Тренерот на Гоце Седлоски одлучи да направи шест измени. На овој дуел нема да настапи Бобан Грнчаров, кој не е ниту во резервниот соста. Откако на клупата се најдоа Дејан Блажевски и Никола Глигоров, капитенската лента му припадна на Горан Попов.
„Црвено-црните“ овој меч го играат за престиж, откако во минатото коло ја осигураа шампионската титула. За Работнички дуелот е важен во борбата за третото место кое носи во Европа.



Датум: 14.05.2017, 15:44
Статијата е прочитана 3072 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense