| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

29.08.2017

Спировски и Алиоски: Мислиме само на победа

Двајцата фудбалери со оптимизам пред пресметата со Израел во Хаифа

Македонскиот национален тим под полн ритам се подготвува за двете квалификациски пресметки. Од вчера Македонија почна со тренинзи.

Репрезентативците Спировски и Алиоски ги пренесоа размислувањата за текот на подготовките и очекувањата од пресметката против Израел.

„Сите ќе бидеме подготвени, а се надевам дека ќе имаме и малку повеќе среќа. Атмосферата во тимот е одлична, ако ја пренесеме формата и ефикасноста од настапите на клупски план, мислам дека ќе биде позитивно за нас во Израел. Наша задача во овие неколку денови  е да го дадеме најдоброто од себе на тренинзите и да ги исполниме задачите кои ги бара од нас селекторот. За 90-те минути во Израел убеден сум дека секој што ќе добие шанса ќе даде максимум. Мислите ни се насочени единствено кон пресметката на 5-ти септември, а дури потоа ќе мислиме за Албанија“, изјави Спировски.

Езџан Алиоски се надева дека гол-формата ќе ја продолжи и во репрезентативниот дрес. Крилниот напаѓач викендов постигна погодок во дресот на англиски Лидс.

„Јасно е дека не очекува тежок натпревар, но ние одиме на три бода. Во овој македонски тим има квалитет, младите фудбалери носат нова енергија и се надевам дека конечно и резултатски ќе поминеме добро. Сакам да постигнам гол, но на крајот тоа е помалку важно, најбитно е да победиме, сеедно кој ќе биде ефикасен“ вели Алиоски.



Датум: 29.08.2017, 11:39
Статијата е прочитана 728 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense