| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

29.01.2018

Томас Божиноски: Македонија е мојата желба

*Голманот на португалската Пашош Фереира, има 18 години, поседува австралиски и португалски пасош, но достапен е и за македонскиот национален тим.

Македонската дијаспора низ годините на нашата држава и дала многу. Што од материјална што од човечка смисла. Многумина од нашинците со гордост ја преставуваат Македонија низ  светот и со голема доза на носталгија се сеќаваат на државата од која потекнуваат. Крвта не е вода, е стара наша изрека која често се користи кога станува збор за Македонците ширум светот. Европа, Канада, Америка Австралија, гласот свој го кренаа Македонците се стиховите на песната која е химна на сите оние кои ја напуштиле Македонија низ децениите наназад но секогаш со полна душа велат дека се Македонци.
Роден во Португалија, а целото негово семејство со децении во Австралија, младиот и перспективен голман на португалскиот прволигаш Пашош Фереира, Томас Божиноски е типичен примерок на оваа наша дијаспора која свои претставници што се вели има насекаде во светот.
„Се одлучив за голманската позиција иако точно мојот татко успешно настапуваше долги години како играч за врска што се вели“ - го започнува нашиот разговор младиот Томас  по малку изненаден што ете Македонски Спорт се сети на него и го контактираше. Го пронајдовме во Португалија, во градот Фереира едно од предградијата на Порто каде што живее и игра во моментов во Пашош, прволигашот и трофејниот клуб од оваа земја.
„Роден сум во Португалија. Мојот татко тука играше и ете останав тука да живеам. Целото мое семејство е во Австралија, но да, моето потекло е од Македонија. Мора да признаам дека никогаш не сум бил таму, во Македонија но со задоволство еден ден ќе дојдам“ - вели Божиноски.
Тој вели дека засега од страна на македонската фудбалска федерација не бил контактиран но дека би сакал секако со некого да поразговара на оваа тема.
„Во моментов поседувам австралиски и португалски пасош. Досега не сум контактирал, ниту сум разговарал со некого од федерацијата или пак со било кого воопшто од Македонија на оваа тема. Македонски Спорт ете е првиот кој се сети на мене како можна опција за репрезентацијата. Искрено не ги знам доволно тие правила и прописи на ФИФА и УЕФА. Не би можел да кажам дали можам да добијам и македонски пасош, виза ви веќе постоечките два. Доколку има таква опција секако дека ќе ја прифатам, би сакал да настапувам за државата на моите претци“ - вели Божиноски.

ТАТКО МУ Е АВСТРАЛИСКА ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА

Кога веќе се говори за Томас Божиноски не може, а да не се каже збор два и за неговиот татко Владо. Нам малку познат (за жал), тоа е меѓу другото првиот македонец по потекло кој заиграл во англиската Премиер лига. Пред Христов, Попов и Шаќири, Владо Божиновски во сезоната 1992/93 настапи на девет меча за тимот на Ипсвич Таун.
Родениот охриѓанец во 1989 година потпишува за Клуб Бриж. Кратко се задржува таму, па преоѓа во Беира Мар во Португалија. Триесетина мечеви подоцна веќе потпишува за Спортинг Лисабон. За австралискиот национален тим настапил десетина пати.

 



Датум: 29.01.2018, 17:12
Статијата е прочитана 1577 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
19.02.2018
19.02.2018
19.02.2018
19.02.2018
19.02.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense