| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

22.08.2017

„Седмица“ на стартот за „Истатовки“

Хрватскиот тим Осиек беше подобар и победи со 7:0 во првиот меч од квалификациите за ЛШ во женска конкуренција

Женскиот фудбалски првак Истатов, со пораз стартуваше во Лигата на шампионите. Во мечот одигра денеска против Осиек, хрватскиот тим беше подобар славејќи со убедливи 7:0.

Три гола за хрватките постигна Балиќ, а по еден дадоа Невркла, Андрлиќ, Лаковац и Лојна.

Во вториот натпревар, Стјарнан го совлада тимот на Клаксвикар со уште поуебдливи 9:0 и се искачи на првото место после едно одиграно коло.

На 25. август Истатов игра против Стјарнан.

РЕЗУЛТАТИ 1. КОЛО

Осиек - Истатов 7:0

Стјарнан - Класвикар 9:0

 



Датум: 22.08.2017, 22:43
Статијата е прочитана 524 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense