| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

15.05.2017

„Балистите“ го бојкотираат Куп финалето!?

Најавите се дека „Балисти“ побарале 1900. карти за добиле само триста!? Истата бројка е важечка и за „Чкембарите“ и оваа ситуација е неприфатлива за двата табора.

Ќе има ли навивачки групи на завршницата од националниот куп којс е игра в среда вна градскиот стадион Младост во Струмица? Според последните информации кои простигнуваат околу организацијата, ФФМ, Шкендија и Пелистер имаат големи проблеми со своите верни приврзаници. Имено, за финалниот меч федерацијата обезбедила по 300 билети за двете навивачки групи, што секако е неприфатливо како за „Балистите“ така и за „Чкембарите“. Бројката која се бара е неколкукратно поголема од понудената и во моментот овој проблем е во сериозен ќорсокак. Неофицијално „Балисти побарале 1900 билети, а „Чкембари“ 900. ФФМ не може да излезе во пресрет ниту во двата случаи. Места за стадионот во Струмица има многу малку, се знае дека таму е многу комплицирано да се сместат две навивачки групи со голем број на членови, ако се земе в предвид фактот што има само две трибини.


Сето ова ни малку не им се допаѓа и е неприфатливо за навивачите на Шкендија кои се подготвени и да го бојкотираат финалето, само затоа што ФФМ не обезбеди услови, односно стадион каде кои ќе може да ги исполни нивните барања.

„ЧКЕМБАРИ“ СЕ СОЛИДАЛИЗИРААТ И ЌЕ ПОДДРЖАТ БОЈКОТ!?
Секако и на другата страна воопшто не е прифатлиф фактот што и за битолските навивачи се обезбедени само трита карти, па и „Чкембари“ се подготвени да го поддржат евентуалниот бојкот на „Балистите“ па и од Битола не би тргнал навиачкиот карван. Како оваа ситуација ќе се реши, останува да видиме, преостануваат само уште два дена до финалето кое без навивачки групи би изгледало како обичен прволигашки натпревар без никакви возбудувања.

*Повеќе во денешното печатено издание на „Македонски спорт“



Датум: 15.05.2017, 10:47
Статијата е прочитана 5884 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense