| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

24.09.2017

Јаневски: Никогаш не е лесно во Битола

Тренерот на Вардар, Чедомир Јаневски е задоволен од победата на шампионот во дербито против Пелистер

Јаневски добро знае дека никогаш не е лесно да се замине со целосен плен од гостувањето во Битола.
„Драго ми е што сум повторно во Битола. Од овој град излегоа многу добри фудбалери, а со некој од нив и денеска сум голем пријател. Честитки за одличниот прием и добрата атмосфера. Имавме одличен терен за игра. Секогаш е тешко да се освојат три бода во Битола, особено што знаеме какво е ривалството помеѓу Пелистер и Вардар. Во првиот дел бевме доминатни и заслужено поведовме. Во вториот дел имавме малку проблем, Пелистер отиде на сè или ништо што се вели, отиде малку понапред, и тука немавме решение во креирањето на нашата игра, и не можевме да дојдеме во ситуација да играме како во првото полувреме. Но, имавме и многу простор во нападот и тој простор мораше да го искористиме, и порано да го решиме победникот. Имавме и една убава шанса кога Барсегјан не успеа да реализира. Вака мораше да се бориме и да бидеме добро организирани до крајот на натпреварот. Овој ритам не е лесен за Вардар, играме натпревари среда - недела - среда. Имаме многу тешки натпревари, затоа и принудени сме да правиме многу ротации во составот. Проблем претставуваат и повредите на одредени играчи. Правиме напори што можеме да менуваме да изротираме за да имаме добри тимови за сите три фронта“, изјави Јаневски по победата во Битола.



Датум: 24.09.2017, 18:57
Статијата е прочитана 458 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense