| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

30.07.2017

турците тргнаа по Гачевски (ФОТО)

Неколку клубови се интересираат за голманот на Вардар кој што брани во голема форма

Филип Гачевски наскоро би можел да направи трансфер во Турција. Неколку турски клубови се заинтересирани за неговите услуги, а најсериозен во намерите е Османлиспор кој што подготвува понуда од 600.000 евра за голманот на Вардар.

Османлиспор е клубот за кого пишувавме после натпреварот со Малме кога челници на турскиот тим беа во Струмица и го следеа чуварот на мрежата кој брани во голема форма.

Османлиспор е само еден од клубовите кои што се интересираат за него. Тука се уште и Гезтепе и Малатијаспор кои што исто така го имаат на својот „радар“ голманот на шампионот кој што е „хит“ во Европа со елиминацијата на Малме и победата над Копенхаген.

Гачевски пред неколку месеци го продолжи договорот со Вардар на три години, што значи дека македонскиот првак одлучува за негов трансфер во странство.

За интересот на Гачевски кои што го најавивме, пишуваат и турските медиуми:



Датум: 30.07.2017, 22:23
Статијата е прочитана 4037 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
18.12.2017
18.12.2017
18.12.2017
18.12.2017
18.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense