| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

22.06.2017

Андора пред Македонија на ФИФА листата

И тоа го дочекавме. Со триумфот над Унгарија, Андора треба да има 246 поени или 18 повеќе од Македонија, која, пак, ќе има повеќе бодови од минатиот месец поради „ремито“ со Турција, но остануваме за месец јули на 136 место


Ете, и тоа се случи. Андора, селекција која на сите им служеше за поправање на гол-разликата, да биде пред нас на ФИФА-рангирањето, за прв пат во историјата. Андора, која, сѐ на сѐ, има две победи (против Македонија и против Унгарија) и само 2-3 нерешени средби, да дојде во ситуација да се радува на својот најдобар историски пласман.
Пред нас веќе има такви селекции како што се Зимбабве, Боцвана, Руанда, Нигер, Виетнам, Екваторијална Гвинеја, која нема ни професионална лига, а не па фудбалери.

Остануваме на 136. место

Нема да „мрднеме“ од 136. место на ФИФА-листата. Четири селекции одат пред нас, а четири паѓаат под нас, па така ние ќе останеме онаму каде што сме сега. Покрај Андора, пред нас одат селекциите на Бурунди, Ангола и Танзанија, а под нас паѓаат Порторико, Етиопија, Јемен и Намибија. Тие селекции ќе имаат помалку бодови од нас на јулскиот рејтинг, и паѓаат под нас.



Датум: 22.06.2017, 10:43
Статијата е прочитана 5689 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense