21.12.2017
Хусеин повеќе не е тренер на Струга Трим Лум

Искусниот стратег си замина од Струга, а второлигашот наскоро ќе назначи нов шеф на стручен штаб.
Неџат Хусеин – Џате повеќе не е тренер на тимот на Струга Трим Лум. Искусниот стратег си замина од клупата на второлигашот, а ова го потврди и самиот тренер. „Точно е. Повеќе не сум тренер на Струга Трим Лум. Во договоро со раководството ја прекинавме соработката. На клубот му посакувам се најдборо во иднина“ - изјави Хусеин за Македонски Спорт. Екипата на Струга во тековниот шампионат покажа големи амбиции, направи што се вели прволигашка екипа, и е во самиот врв на табелата на втората лига Запад. Има јасни амбиции за пласман во елитата, а тоа напролет ќе се обиде да го оствари со нов тренер.
Датум:
21.12.2017, 15:44 |