| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

24.01.2017

Абаз во Спартак Суботица

Младионскиот репрезентативец ќе игра во српската супер лига

Емил Абаз својата кариера ја продолжи во српскиот суперлигаш Спартак Суботица. Македонскиот младински репрезентатиец и екс член на Жерминал Бершот, Андерлехт и Динамо Загреб се приклучи на овој тим зимава во обид да добие солидна сениорска минутажа.
Абаз е еден од нашите најталентирани млади фудбалери има одиграно голем број на мечеви за младински селекции, почнувајќи од У-17, преку У-19, а еве сега и на селективните кампови на У21 репрезентацијата. Српските екипи се познати по тоа што даваат шанса на млади фудбалери кои се во потрага по минутажа и затоа Абаз се приклучи токму на Спартак. Овој клуб ќе пристигне на подготовки токму во Охрид за неколку дена, и Абаз многу веројатно ќе настапи на подготвителните мечеви против некој од нашите прволигаши кои се подготвуваат таму. Тој веќе постигна гол против еден унгарски второлигаш на подготовките.

 



Датум: 24.01.2017, 19:07
Статијата е прочитана 2122 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense