| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

19.06.2017

Ердал Ракип од Малме, има корени од Македонија

Фудбалерот од средниот ред на ривалот на Вардар, смета дека тоа што нашиот првак нема да игра во Скопје, е предност за Малме

Играчот на Малме, Ердал Ракип имал потекло од Македонија. Неговите корени се од нашата земја, а веднаш по добивањето на Вардар за противник, тој е баран по медиумите во Шведска.
„Слушнав дека реваншот нема да се игра во Скопје. Се распрашав и ми беше потврдено дека поради Супер Купот и дуелот помеѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед, ќе мора Вардар да бара друго решение. Дознав дека можно е да се игра во Струмица. Ако е така, тогаш ние имаме предност“, вели Ракип.
Ракип е роден во Малме во 1996 година. Настапувал за помладите селекции на Шведска, а со своите 21 година има одиграно преку 60 натпревари во дресот на „сините“.
Инаку одлучено е дека првиот меч помеѓу Малме и Вардар ќе се игра на „Шведбанк Арена“ на 12 јули со почеток во 19 часот.



Датум: 19.06.2017, 19:51
Статијата е прочитана 6662 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense