| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

02.05.2017

Прилепчани предвреме со клетви кон кратовци

Интересно беше по социјалните мрежи во неделата попладнето за време на средбите од 30. коло во нашата Прва лига

Невкусни закани, клетви, изрази кои не се за да се напишат, па макар и препишувале. Имено тоа се случуваше во неделата попладнето на социјалните мрежи за време на натпреварите од Првата лига. И во тоа секако во преден план беа прилепчани, односно фановите на Победа. На истекот од 90. минута Победа губеше од Вардар, но затоа во Кратово, Брегалница водеше со 2:1. И тогаш се пишуваше се и сешто и се фрлаа дрвја и камења по фудбалерите на Силекс. Демек тие местеле за инает на Победа, по сите оние настани на претходниот дуел на стадиончето на Могила. Но, Силекс одигра спортски до крај, за две минути постигна два гола и ја победи Брегалница. И тогаш прилепчани останаа со зинати усти.



Датум: 02.05.2017, 19:00
Статијата е прочитана 4208 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense