| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

26.04.2017

Брдариќ: Ова беше нашиот најдобар меч пролетва

Задоволен беше стратегот на Шкендија по дерби победата над Вардар со 3:1

Томас Брдариќ за прв пат откако е тренер на Шкендија триумфираше над Вардар во првенстен натпревар, токму затоа беше неговото задоволство по дербито кое се одигра пред празни трибини во кое неговиот тим победи со 3:1.
„Секако дека сум среќен и задоволен од победата и настапот на мојата екипа. Среќен сум и за победата од 3:1, иако според шансите можевме да победиме со поголема разлика. Според мене ова е најдобрата игра на Шкендија во текот на пролетниот дел“.
Од друга страна Гоце Седлоски, стратегот на Вардар изјави...
„Натпревар во кој што Шкендија после толку време успеа да не победи во првенството. Ние не бевме на она ниво што го барав од моите играчи. Имавме некои шанси да избегнеме пораз, а по наши грешки примивме три гола. Такви грешки не смеат да ни се случуваат“.

 



Датум: 26.04.2017, 20:49
Статијата е прочитана 2180 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense