| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

04.10.2017

НЕСТОРОВСКИ: ЌЕ СЕ НАДИГРУВАМЕ СО „АЅУРИТЕ“ И НА НИВНИ ТЕРЕН

Нашиот напаѓач е оптимист пред дуелот со Италијанците

Еден од адутите за добар резултат на гостувањето во Торино против Италија е Илија Несторовски. Фудбалерот кој настапува токму на Апенинскиот Полуостров во дресот на Палермо, подготвен е повторно да „стрела“ за нашиот национален тим, откако во Скопје успеа да се запише во листата на стрелци и да го „тресне“ големиот Џанлуиџи Буфон.
Добрата игра на првиот меч во Скопје треба да биде како поттик и на реваншот, исто така, со добра игра да се направи изненадување.
„Сигурно дека на Италијанците не им е сеедно што се извлекоа во Скопје. Одигравме добар меч и незаслужено загубивме. Се надевам дека во Торино ќе одиграме на посакуваното ниво и ќе се надигруваме и на нивни терен. Треба да бидеме трпеливи и да ја чекаме својата шанса“, вели Несторовски.
Јасно е дека Италија е голем фаворит, особено ако се знае дека одамна е без пораз на официјален меч.
„Се разбира дека противникот ја има таа фаворитска улога, но не секогаш фаворитите победуваат. Ние се надигрувавме со сите наши противници, освен со Шпанија. За мене, ова ќе биде специјален меч, но репрезентацијата е пред сѐ и затоа посакувам да оствариме добар резултат“, вели Илија. 



Датум: 04.10.2017, 11:02
Статијата е прочитана 487 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense