| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

15.02.2017

Вардар за малку го испушти Шкулетиќ

Во последните моменти од трансфер преодниот рок пропаднало доаѓањето на робусниот српски напаѓач којшто во моментов настапува во Локомотив Москва

Ако беше сè како што треба во последниот ден од преодниот рок, до сега Вардар ќе имаше нов голгетер. Новата машина за голови ќе се викаше Петар Шкулетиќ. Роден во Црна Гора пред 26 години, а настапувајќи во селекцијата на Србија, Шкулетиќ е еден од најдобрите голгетери на нашиот северен сосед. Кога во 2015 година потпиша за Локомотив Москва од Партизан за сума од нешто помалку од 4 милиони евра, сите прогнозираа дека тој ќе биде идниот голем голгетер на Србите. Меѓутоа, од тогаш неговата цифра вртоглаво паѓа, па сега вреди околу 2 милиони.
Меѓутоа, за Вардар и тоа како ќе беше големо засилување во нападот, и играч кој ќе даваше голови. Ќе го решеше проблемот во офанзивата на шампионот.
Ова е второ име кое „црвено-црните“ го испуштаат по Давидас Матулевичиус, кој замина во Белгија. И тој беше многу блиску, но додека чекаше официјализација со Вардар, стигна понудата од Мускрон и тој ја прифати без размислување.

* Прочитајте повеќе во денешното издание на „Македонски спорт“.



Датум: 15.02.2017, 10:53
Статијата е прочитана 2727 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense