| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

19.10.2017

Како да се сопре шпанската „тика - така“?

Вардар е пред тежок предизвик. Шпанците играат фудбал со многу посед на топката. Дури и во поразот со Зенит имаа драстично поголем процент од противникот. Играат фудбал како и сите Шпанци и препознатливата „тика-така“


„Тика-така“ тактика или фудбал со многу точни додавања и со голем посед на топката. Тоа е фудбалот што го играат сите шпански екипи, па и вечерашниот противник на Вардар, Реал Сосиедад. Тој негува таков фудбал и ќе се обиде да дојде до победата над Вардар. Па дури и во поразот против Зенит, тие имаа драстично поголем посед на топката. На двата натпревара досега, тие имаат вкупен посед од 64%. Со Зенит имаа 67% посед на топката, со Розенборг нешто помалку. Сигурно дека со Вардар ќе биде истата ситуација, па вардарци ќе мора да најдат противигра за нивната „тика-така“ и нивниот посед на топката. Сигурно дека со тој посед ќе направат и неколку шанси, и тука одбраната и средниот ред на Јаневски ќе имаат многу работа.

Јаневски со мали измени во тимот
Не се очекуваат никакви промени во тактиката на Чедомир Јаневски. Вардаровиот тренер важи за човек кој ретко менува формација, но затоа, пак, ќе има мали измени во тимот. Дилемата кај Јаневски е во нападот на екипата, каде што се размислува дали да стартува Блажевски или Џигаури и во шпицот Итало или Барсегјан, со оглед дека Максимов нема право да игра во Лигата на Европа. На другите позиции, не се очекуваат некои поголеми изненадувања. Глигоров и Николов треба да го заземат местото на средината од теренот со Фелипе, одбраната, исто така, нема да се менува, односно ќе биде истата од дуелот со Шкендија. Голманската позиција засега е незаменлива, каде што Гачевски има предност пред Алексовски.

НЕКОЛКУ РАБОТИ ПОВРЗАНИ СО ОВОЈ МЕЧ, КОИ, МОЖЕБИ, НЕ СТЕ ГИ ЗНАЕЛЕ
- Единствен двомеч помеѓу македонски и шпански тимови беше оној помеѓу Пелистер и Селта Виго, кој заврши со победи на Шпанците од 3:0 и од 2:1.
- Примените осум гола на Вардар се најмногу од сите екипи во првите две кола од Лигата на Европа.
- Реал Сосиедад загуби на  пет од последните шест гостувања во Европа, со скор од пет порази и една победа.
- Реал Сосиедад дебитира во групната фаза од Лигата на Европа.
- Доколку добие жолт картон, Џамбул Џигаури ќе паузира на следниот натпревар со Зенит. Реал Сосиедад нема никаков проблем со евентуални суспензии.
- Вардар ги чека првите бодови во групната фаза од Лигата на Европа.
- На домашен терен, скорот на „црвено-црните“ е три победи и еден пораз.
- Македонската репрезентација има седум натпревари против Шпанија и има исто толку порази.



Датум: 19.10.2017, 10:51
Статијата е прочитана 445 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
24.11.2017
24.11.2017
24.11.2017
24.11.2017
23.11.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense