| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

29.10.2017

Стјепановиќ: На Велинов му текна за акцијата

Играчот за врска на „романтичарите“ коментира за акцијата на Работнички по кој беше постигна победничкиот гол на мечот со Шкупи

На мечот Работнички - Шкупи се играше 45+1. минута кога, на резултат 0:0, сите очекуваа дека Остоја Стјепановиќ ќе шутира од слободен удар од околу 25 метри кон голот на чаирчани. Но тој лукаво го проигра Велинов кој беше сам на левата страна, кој пак додаде до осамениот Гофри на кого не му беше тешко да стрела во мрежата на Зендели.
Искрено сакав да шутирам директно. Но во последен момент ми пријде Велинов и ми сугерираше него да му ја додадам топката кој беше осамен. Следуваше само убава завршница за победнички гол. Не, немавме ништо договорено претходно, на мојот соиграч Велинов му текна токму така да ја изведеме таа акција“ искоментира Остоја Стјепановиќ.



Датум: 29.10.2017, 18:46
Статијата е прочитана 2969 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense