| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

24.02.2017


Најденов: На Чаир одиме по три бода...

Играчот за врска на Работнички вели дека неговиот тим го чека тешко гостување кај Шкупи но и дека тимот од Градски парк ќе оди на победа

Во недела во 14 часот на Чаир, клубот од Градски парк повторно ќе има скопска пресметка. Ако минатото коло „романтичарите“ гостуваа во Ѓорче, сега пак му одат на гости на Шкупи.
Бојан Најденов, „бомбардерот“ на Работнички за неделниот дуел истакнува...
„Не чека тешко гостување на Чаир. Тоа ќе биде неизвесен натпревар. Шкупи ќе ја има поддршката од своите навивачи, но ние сме подготвени за предизвикот. Секако дека ќе одиме по трите бода, сакаме уште една победа, втора во вториот меч од пролетниот дел. Сепак ако сакаме победа ќе мораме да ја повториме играта од минатиот меч со Македонија ЃП“ истакна Најденов за клупската интернет страница.



Датум: 24.02.2017, 17:38
Статијата е прочитана 1747 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense