| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

14.08.2017

Шампионот по Итало, го промовираше и Куајнор

Фудбалерот од Гана претставен за нов играч на Вардар

Мустафа Куајнор и официјално стана нов фудбалер на Вардар. Првакот го промовираше денеска и него како ново засилување во средината на теренот. Куајнор има 21 година и настапувано за неколку екипи од Кипар, последната година минувајќи ја во Австралија.

„Среќен сум што станав дел од Вардар. Знам дека екипата е најтрофејна во Македонија и дека секоја година се бори за титулата. Се надевам дека ќе успееме и во оваа сезона да ја освоиме. Со нетрпение чекаме да заиграм во новиот клуб“, изјави Куајнор.

Договорот на Куајнор со Вардар е на 2+1 година.



Датум: 14.08.2017, 14:11
Статијата е прочитана 1395 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.10.2017
16.10.2017
16.10.2017
16.10.2017
16.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense