| контакт | маркетинг

17.09.2017

Иџе со доминација во втората трка во Белгија!

Игор Стефановски-Иџе стигна до својата втора ЕТЦЦ победа оваа сезона, надминувајќи го разочарувањето од првата трка за доминација во втората трка во Цолдер, Белгија

Стефановски во првата трка го имаше второто место зад лидерот Кристјоханес Шрајбер од Швајцарија, но постојаните обиди да го претекне придонесоа неговата предна лева гума да биде речиси целосно уништена и мораше да заврши во боксот.
Меѓутоа, во втората трка со обратен распоред, тој од пол-позицијата беше апсолутно доминантен, стигнувајќи до фантастична пбоеда пред уште еден Швајцарец, Петер Рикли, додека трет беше Чехот Петр Фулин. Со победата Иџе останува во борба за титулата пред последната трка во Мост, Чешка Република.



Датум: 17.09.2017, 15:11
Статијата е прочитана 770 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense