| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

05.07.2017

Шкендија во Кишињев става „печат“

Предноста од 3:0 ветува дека тетовските „црвено- црни“ ќе се вратат од Кишињев со пласман во второто квалификациско коло. Тетовци се веќе во главниот град на Молдавија каде се аклиматизираат за утрешниот дуел

Шкендија најголем дел од работите во однос на двомечот со Дачија ги заврши во Струмица, на првиот меч, каде што беше 3:0 за неа. Секако дека таа предност ветува дека Шкендија ќе оди натаму, на двомеч од второто квалификациско коло во Лигата на Европа, но таа предност и не гарантира такво нешто. Секако дека предноста е голема, навистина ретко се случува некоја екипа да ја надополни на европски натпревар, но, нели, и во фудбалот понекогаш се можни чуда?

Заверка на пласманот во следната рунда

Сепак, Шкендија е силен, моќен тим. Она што го прикажа на првиот меч во Струмица, на стадионот „Младост“, минатиот четврток, просто ги разгали срцата на нејзините фанови, но и на сите објективни љубители на фудбалот во Македонија. Особено Шкендија беше перфектна во првите 15-20 минути, кога водеше со 2:0, но, според шансите, требаше да биде најмалку 3:0 или 4:0. И тука момците на стратегот Ќатип Османи ја „скршија“ таа Дачија, просто да демолираа, ја размонтираа, што се вели.
И затоа од Шкендија се очекува утре, во Кишињев, со почеток од 16 часот, само да стави печат на таа втора квалификациска рунда од Лигата на Европа и во една релаксирана атмосфера го дочека следниот противник. А тој ќе биде Конах Kи (Велс) или Хелсинки (Финска).

 

 

 

 

 



Датум: 05.07.2017, 10:28
Статијата е прочитана 1423 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense