| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

15.03.2017

Галатасарај прашува за Јаховиќ


„Знам за интересот од Галатасарај, но после завршувањето на сезоната ќе одлучувам за мојата иднина“, вели Јаховиќ


Адис Јаховиќ во дресот на големиот турски клуб Галатасарај! Звучи можеби нестварно, меѓутоа е реално откако овој тим од Истанбул покажа интерес да го ангажира голгетерот кој што „растура“ во Втората лига на Турција. Еден од најдобрите клубови во Турција прашува за голгетерот кој што направи „бум“ откако дојде во Гезтепе, и во моментов е еден од најдобрите напаѓачи во ова првенство.
Галатасарај е голем клуб, екипа која што во своите редови има врвни имиња. Лукас Подолски, Весли Снајдер, голманот Муслера се дел од тие играчи кои што играле и на светски и на европски првенства, а сега играат во тимот од Истанбул кој што има секогаш амбиции да дојде до титулата, но и да се задржи што подолго во Лигата на шампионите. Моментално екипата е предводена од Игор Тудор кој што пред еден месец ги превзеде „лавовите“ од Истанбул.

ГО САКААТ И АНТАЛИЈАСПОР И БАШАКШЕХИР
Не е само Галатасарај екипата која прашува за услугите на Јаховиќ. Тука има уште неколку турски суперлигаши меѓу кои е и Анталијаспор, екипата во која што настапува прославеното име во светскиот фудбал Самуел Ето.  Исто така за него се интерес за него има и од Башакшехир, моменталниот „хит“ во Турција кој што до скоро беше првопласиран и натаму се бори за титулата во првенството. Башакшехир пред два месеци пројави интерес и за услугите на Стефан Ристовски, меѓутоа тој се реши да остане во Ријека.

Повеќе во денешното печатено издание на „Македонски спорт“.



Датум: 15.03.2017, 10:29
Статијата е прочитана 1957 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense