| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

20.09.2017

Голчиште на Фелипе, силна Шкендија, пресврт во Прилеп

Мајсторијата на Фелипе во 83. минута му донесе победа на Вардар но и ги покри сите слабости на шампионот на овој меч

Вардар не блескаше но сепак победи, и тоа со 2:1 и тоа во дербито со Ренова. За одбележување е прекрасниот и воедно победнички гол на Фелипе во 83. минута. Вардар беше далеку од своето ниво но сепак дојде до трите бода. Да споменеме дека на 1:1 Ренова преку Нухи имаше зицер но Вардар имаше среќа. Во тие моменти Барсегјна ја погоди пречката на „гипсарите“. Се чини дека тој гол на Фелипе ги покри сите слабости на Вардар на овој меч.
Хетрик на Емини и победа на Шкендија од 5:0 над Силекс. Силна, доминантна Шкендија попладнево во Тетово. Да го споменеме и фантастичниот гол на Хасани од слободен удар.

Чудесен пресврт во Прилеп. Победа водеше со 2:0 по првото полувреме, за да во второто Работнички постигна четири голови, два на Кире Маркоски и дојде до првата победа во оваа сезона.
Битката за Гази Баба на Чаир ја доби Шкупи, со гол  на Стојкоски, за нови три бода на чаирчани.
Академија Пандев со нова победа и тоа над Пелистер. Балдовалиев од пенал и Боувен за триумф на новиот прволигаш кој сега е на второто место и ги разделува гигантите Шкендија и Вардар.

РЕЗУЛТАТИ 6. КОЛО
ВАРДАР - РЕНОВА 2:1
ШКЕНДИЈА - СИЛЕКС 5:0
ПОБЕДА - РАБОТНИЧКИ 2:4
А. ПАНДЕВ - ПЕЛИСТЕР 2:0
ШКУПИ - СКОПЈЕ 1:0

ТАБЕЛА
1. Шкендија 16 бодови, 2. А. Пандев 11, 3. Вардар 10, 4. Шкупи 10, 5. Пелистер 8, 6. Силекс 6, 7. Работнички 5, 8. Ренова 5, 9. Победа 5, 10. Скопје 3.



Датум: 20.09.2017, 17:34
Статијата е прочитана 1692 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense