| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

03.08.2017

Гачевски: Овој пораз долго ќе не боли...

*Разочарување во таборот на шампионот по тие синоќешни 1:4 во Копенхаген и пропуштенаша историска шанса


Големо, огромно е разочарувањето во редовите на Вардар по оној болен и висок пораз синоќа од Копенхаген од 1:4.
Голманот Филип Гачевски искоментира...
„Нормално дека сите сме разочарани од резултатот и од фактот дека испаднавме од Лигата на шампионите. Првиот гол го примивме многу рано уште во втората минута, но и после тоа успеавме да се вратиме и да израмниме, за брзо Копенхаген среќно да дојде до тој втор гол. Потоа добро се држевме, добивме и играч повеќе. Наместо сето тоа да го искористиме, примивме два гола. Синоќа секој фудбалер на Вардар сакаше да испише историја на клубот. Тоа што се случи сигурно дека ќе не боли. Но, јас сум сигурен дека можеме да обезбедиме пласман во Лигата на Европа“.
Евгениј Новак исто така беше разочаран..
„Ваков пораз вообичаено многу боли и тешко се прифаќа. Боли поради фактот што имавме резултат кој не носеше во следната фаза. Тоа што се случи на крај не можам и не сакам да го анализирам, затоа што уште сме сите во неверување. Мора да помине време и заедно да направиме анализа и да видиме каде грешевме. Едно сакам да кажам, дека Вардар има потенцијал, има тим и има колектив што го покажавме на овие европски натпревари против Малме и против Копенхаген. Сега ја чекаме ждрепката од Лигата на Европа, јас верувам дека можеме да направиме успех“.
Бесир Демири пак изјави...
„Разочарани сме од сето тоа што се случуваше на теренот во Копенхаген. Само 15 минути не делеа од пласман во следната фаза од Лигата на шампионите. Примивме многу ефтини голови и сме поразени. Штета, навистина штета затоа што имавме голема шанса. Играч повеќе на терен, резултат кој што не носеше во следната фаза, меѓутоа потоа примениот гол делуваше целосно демотивирачки за нас и до крајот е можевме да се вратиме. Одиме понатаму, пред нас има уште европски натпревари, почнува и првенството и мораме полека да заборавиме што се случи и да гледаме само кон напред, колку и да боли поразот од Копенхаген“

 



Датум: 03.08.2017, 13:18
Статијата е прочитана 1329 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.10.2017
16.10.2017
16.10.2017
16.10.2017
16.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense