| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

19.04.2017

Турбо прволигашки април

Верувале или не, за две недели или поточно за 16 денови одредени наши клубови треба да одиграат по пет официјални меча, или на секој 3.2 ден во просек по еден. Ова се случува во моментов, втората половина на април навистина е напорна

Македонија, односно мак - фудбалот како да ги фаќа или сака да ги достигне европските фудбалски трендови. Имено да се игра натпревар речиси на секој трет ден. Па така верувале или не, за две недели или поточно за 16 денови одредени наши клубови треба да одиграат по пет официјални мечеви, или на секој 3.2 ден во просек по еден. Ова се случува во моментов, втората половина на април навистина е тешка и изискува голем напор. А тие одредени клубови се полуфиналистите во Купот на Македонија, Шкендија, Вардар, Пелистер и Брегалница. За нив овој дел од месецот е турбо. Невообичаено е згуснат распоредот кога станува збор за втората половина од месец април.
На 15 април се играше 27. коло, денеска на 18 април се играат реваншите од 1/2 финалето во Купот на Македонија, потоа на 23 април закажано е 28. прволигашко коло, следува 29. коло кое се игра на 26 април и на 30 април се играат средбите од 30. коло.
Во просек значи овие четири клубови имаат да играат на секој 3.2 дена по еден натпревар. Останатите, кои немаат обврски во Купот денеска ќе одмараат. 


НИКОГАШ ДОСЕГА СО 36 КОЛА
Ова е така само поради згуснатиот распоред во текот на целата сезона. Имено за прв пат во оваа сезона, се играат 36 кола. Така реши Фудбалската Федерација на Македонија со цел да се намалат клубовите во Првата лига, но со тоа да се зголеми и бројот на нивните меѓусебни мечеви. Во првата 1992/93 сезона се играа 34 кола, но тогаш имаше 18 клубови и се играше по „двокружен“ систем, и од тогаш се менуваа форматите но никогаша ама баш никогаш не се играле вкупно 36 кола. Најмногу имаше по 33 или 32 кола, така беше до лани со оној познат „Бергер систем“. Така ќе биде и во следните првенства, се додека не се реши поинаку, или ако овој формат и дефинитивно не ги даде очекуваните резултати, а секако дека за тоа ќе треба да минат барем две до три сезони најмалку.

 

ПРОЛЕТНАТА ПОЛУСЕЗОНА ТРАЕ 92 ДЕНА

За разлика од некои други лиги кај нас паузата, онаа зимска е голема, беше уште поголема но сега се скрати малку. И затоа е тешко да ги вклопиш сите тие 36 кола. Полесно е во есенскиот дел кој трае нешто повеќе од 120 денови, и тука се  тие 18 кола, потоа првиот круг, па 1/8 финалето и 1/4 финалето во Купот, но за тоа имаш цели 120 денови и повеќе. Многу потешко е да вклопат и да се „наместат“ во идеален распоред натпреварите од пролетниот дел. Од 19 февруари до 31 мај има на располагање само 92 денови и тука покрај тие 18 кола треба да сметаш на полуфиналето во Купот но и на полуфиналето. А тука се тие 21 официјален натпревар, за оние екипи кои ќе стигнат до самата завршница во Купот. Тоа во просек му доаѓа на секој 4.3 денови да се игра натпревар и така цела полусезона. Тука не ги сметаме оние средби на репрезентацииите, дел од играчите на пример на Шкендија, Вардар, Работнички играат и во двете репрезентации, дел играат и за младинските селекции. Значи ако ги земеме в превид и овие мечеви тогаш тој просек на еден меч на секој 4.3 денови е уште помал. Тогаш тој ќе падне под четири денови.

Повеќе во денешното печатено издание на „Македонски спорт“.



Датум: 19.04.2017, 12:26
Статијата е прочитана 1239 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense