| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

11.06.2017

Одличниот гол на Ристовски недоволен за сензација

Фантастичниот гол на Стефан Ристовски не беше доволен Македонија да направи изненадување и да ја победи Шпанија во Скопје, откако со два гола во првото полувреме фаворитите триумфираа со 2:1

„Фуријата“ го направи своето во првото полувреме, откако прво преку Давид Силва во 15-тата минута, а подоцна и преку Диего Коста во 27. минута не дојдат до 0:2 по половина час игра.


Нашата репрезентација беше подобра во второто полувреме, откако Стефан Ристовски со фантастичен гол во 66-тата минута понуди надеж дека барем може да се дојде до реми, меѓутоа до крајот на натпреварот не успеавме да направиме нешто повеќе. Ова е седми пораз во седум меча против Шпанија.



Датум: 11.06.2017, 22:40
Статијата е прочитана 924 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense