| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

29.09.2017

Хаџиевски влезе во црна серија

Нов, трет пораз по ред на Хата во првенството на ОАЕ. Попладнево составот на Ѓоко Хаџиевски загуби од Емирејтс клуб со 0:4

Исклучително слаб, односно лош старт на Ѓоко Хаџиевски и неговата Хата во првенството на ОАЕ. Вчера, тимот на нашиот стратег загуби на гостувањето кај Емирејтс клуб со 0:4. Ова е трет пораз за екипата на Хаџиевски на првите три меча, со негативна гол- разлика од неверојатни 1:11. Колку за потсетување, поголем дел од подготовките за новата сезона во шамионатот на Обединетите Арапски Емирати Хата ги одработи во Македонија, а загуби на контролните средби од Силекс и од Работнички.

 



Датум: 29.09.2017, 19:00
Статијата е прочитана 690 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense