| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

07.04.2017


Панчев одново со вардаровата „деветка“

И официјално, Дарко Панчев е новиот спортски директот на ФК Вардар. Пред малку заврши промоцијата на која нашиот најтрофеен клуб се пофали со враќањето на „Кобрата“ во својата матична средина

Најавите на „Македонски спорт“ и дефинитивно се остварија. Дарко Панчев, македонскиот фудбалер на векот, најголемата легенда на ФК Вардар, е новиот спортски директор на „црвено - црните“.
Во присуство на претседателот на клубот Мирко Спасески и извршниот директор Самоил Симев, Дарко Панчев не ја криеше својата возбуда особено кога му беше врачен дресот со бр. 9.


„Многу сум возбуден што сум тука на помошното игралиште каде што јас некогаш почнав да тренирам во Вардар. Секој ден ќе доаѓам на стадионот кој за нас секогаш беше и ќе биде наш стадион на Вардар. Овој Вардар сега има сериозни услови за работа со што ни се овозможуваат сите предуслови  за да се остварат целите. Ова е трет пат како се враќам во Вардар, со се играчката кариера четврти пат, се надевам дека овојпат ќе останам подолго“ изјави Панчев на утринската промоција.
За иднината и за тоа што со Вардар, тој искоментира...
„Вардар е најголем бренд и затоа мора да биде на ниво. Се знае дека се бара резултат во Европа, во домашниот шампионат Вардар е доминантен но во Европа мора подобро. Ќе ми оставите малку простор за да скенирам ситуацијата во клубот па потоа може да се говори за деталите и за тоа каква замисла имаме околу засилувањата и играчкиот кадар. Треба да се обрне вниани и на младите играчи и тие да добијат шанса, тие се иднината на клубот“.



Датум: 07.04.2017, 11:24
Статијата е прочитана 3413 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense